Властите работат на идентификација на загинатите, а полицијата изјави дека бројот на жртвите може да се зголеми. Роберто Еид Форест, шеф на локалната полиција, им се обратил на новинарите и изјавил дека осомничениот напаѓач бил меѓу жртвите
Најмалку 11 лица се убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, и петмина се тешко повредени во масовно пукање во центар за образование за возрасни западно од Стокхолм, при што официјални лица предупредија дека бројот на жртвите може да се зголеми, пренесува Асошиејтед Прес.
Официјалните лица изјавија дека три жени и двајца мажи, кои се со тешки повреди од огнено оружје, подлегнале на операција во Универзитетската болница Оребро. Сите биле во ранети, но во стабилна состојба откако биле примени во болницата со животозагрозувачки повреди. Една жена била лекувана од лесни повреди и била во доста стабилна состојба. Сите жртви биле над 18 години.
Образвониот центар, наречен Кампус Рисбергска, нуди основни и средни образовни часови за возрасни лица од 20 години и постари, часови по шведски јазик за имигранти, стручно образование и програми за лица со интелектуални нарушувања. Се наоѓа на периферијата на Оребро, кое е на околу 200 километри западно од Стокхолм.
Министерот за правда, Гунар Стреммер, го нарече „настан кој го потресува нашето општество до самата срж.“ Кралот Карл XVI Густав и премиерот Улф Кристершон наредија да се спуштат знамињата на половина копје на Кралската палата и владините згради. Шведската новинска агенција TT извешти дека официјалните лица планирале прес-конференција за среда наутро.
Пукањето започнало во вторникот попладне по завршувањето на националниот испит, кога многу ученици веќе се вратиле дома. Учениците се скриле во блиските згради, а други делови од училиштето биле евакуирани по пукањето.
Властите работат на идентификација на загинатите, а полицијата изјави дека бројот на жртвите може да се зголеми. Роберто Еид Форест, шеф на локалната полиција, им се обратил на новинарите и изјавил дека осомничениот напаѓач бил меѓу жртвите.
Не биле упатени предупредувања пред настанот, а полицијата верува дека напаѓачот дејствувал сам. Полицијата не кажала дали осомничениот бил ученик на училиштето. Не е објавен можен мотив, но властите рекоа дека за сега нема сомнежи за терористичка врска.
Полицијата ја извршила рацијата во домот на осомничениот по пукањето во вторникот, но не било веднаш јасно што било пронајдено.
„Денес, сведочевме на брутално, смртоносно насилство против сосема невини луѓе,“ изјави премиерот за новинарите во Стокхолм доцна во вторникот. „Ова е најлошото масовно убиство во историјата на Шведска. Многу прашања остануваат без одговори и не можам да ги обезбедам тие одговори ни јас.“
„Но, ќе дојде време кога ќе знаеме што се случило, како можело да се случи и какви мотиви стоеле зад тоа. Не спекулирајте,“ додаде тој.
Додека насилството со оружје во училиштата е многу ретко во Шведска, во неколку инциденти во последните години луѓе биле повредени или убиени со други оружја, како ножеви или секири.
Извор: МЕТА