Најмалку 12 загинати во руски напад врз Киев

Најмалку 12 загинати во руски напад врз Киев

Најмалку 12 лица се убиени, а 17 се повредени, меѓу кои и две деца, во руските ракетни напади извршени преку ноќ врз Киев, и поширокиот регион, објави Би-Би-Си.

Во Киев, шест од осумте жртви беа железнички работници на државната компанија „Укрзализницја“. Пријавени се пожари во три градски области. Четири лица загинаа во градот Бориспиљ каде што беше погодена станбена зграда.

Руската војска соопшти дека нејзиниот „масовен напад со употреба на високопрецизно оружје“ го насочил кон „воено-индустриските и енергетските“ капацитети на Украина.

Едно лице е убиено и во украинските напади врз западниот руски регион Белгород, изјави гувернерот Александар Шуваев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторник наутро изјави дека речиси 350 спасувачи работеле во текот на ноќта во Киев и околниот регион по последните напади.

Во објава на социјалните мрежи, тој рече дека Русија испалила „значаен број беспилотни летала и балистички ракети“.

Осум други украински региони беа нападнати, рече Зеленски, додавајќи дека меѓу жртвите има и индиски државјанин.

Најновите напади се случуваат откако 38 лица беа убиени во руски напади врз магацин за оружје во регионот на Киев во петокот, предизвикувајќи детонација на гранати, мини и беспилотни летала.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Лукароска: Нула реализирани проекти и китење со туѓи перја – Проданоски го продолжува 5-годишното назадување на Прилеп

Лукароска: Нула реализирани проекти и китење со туѓи перја – Проданоски го продолжува 5-годишното назадување на Прилеп

Прес-конференција на претседателката на ОО СДСМ-Прилеп, Петра Лукароска Китење со туѓи перја, неспособност да се …