Најмалку 19 луѓе се уапсени денеска на протестите на опозицијата во Москва, соопшти невладината организација ОВД-Инфо. Неколку стотици луѓе се собраа на повеќе места во центарот на Москва, на протести на кои граѓаните бараат слободни избори. Полицијата почна да апси веднаш откако почнаа да се собираат граѓаните.
Приведена и познатата опозициска активистка Љубов Собол.
Властите предупредија дека жестоко ќе одговорат на секој обид за одржување недозволени протести.
На претходниот протест на повик на руската опозиција беа уапсени 1400 демонстранти, меѓу кои и главниот противник на Кремљ, Алексеј Навални.
Извор: Радио Слободна Европа