Најмалку 300 загинати во протестите во Бангладеш

Најмалку 300 загинати во протестите во Бангладеш

Вкупниот биланс на загинати во судирите во Бангладеш се искачи на најмалку 300 луѓе, јавија западни медиуми.

Во текот на вчерашниот ден (4 август) загинаа 94 демонстранти, и тоа е најсмртоносниот ден во изминатите неколкунеделни антивладини демонстрации.

Извештаите на западните медиуми се засноваат на податоци од полицијата, официјални лица и лекари во болниците. Протестите треба да продолжат денеска во Дака каде има големи распоредувања на војници и полицајци кои патролираат по клучните патишта и поставуваат барикади до рутите до седиштето на премиерката Шеик Хасина.

Протестите започнаа кога студентите повикаа да се прекине системот на квоти со кој се доделуваа 30 отсто од владините работни места на роднините на ветераните од војната за независност на Бангладеш во 1971 година од Пакистан, но ескалираа во насилства со голем број загинати и со барања за оставка на премиерот Шеик Хасина.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Над 50 загинати во поплавите во Шпанија

Над 50 загинати во поплавите во Шпанија

Според официјалните податоци, 51 лице загинало во големите поплави во шпанскиот регион Валенсија, како што …