Најмалку 40 жртви во Израел и Појасот Газа, во жестоките напади меѓу Израел и Хамас

Најмалку 40 жртви во Израел и Појасот Газа, во жестоките напади меѓу Израел и Хамас

Вооружениот конфликт меѓу Израел и Хамас ескалираше синоќа и ноќеска, со жестоки ракетни и воздушни напади во кои загинаа најмалку 35 лица во Појасот Газа и најмалку петмина во Израел.

Палестинските сили испалија стотина ракети на Израел, кој, пак изврши силни воздушни напади на Појасот Газа. Военото воздухопловство на Израел го бомбардирале домот на највисокиот оперативец на Хамас, Салах Дахман, кој, како што велат, ја користел таа куќа за да складира оружје за организацијата.

На ескалацијата претходеше серија напади, во кои Израел гаѓаше, како што посочи, милитанти во Газа, како одговор на претходните ракетни напади на Хамас во Ерусалим и други области.

Во Газа е срушена една повеќекатница во израелски воздушен напад вчера, додека друга е тешко оштетена. Израел соопшти дека нивните авиони утрово гаѓале војни цели во Хамас. Хамас потоа возврати со повеќе од 200 ракети кон Тел Авив и Бершеба, а Израел ги продолжи нападите и урна уште една зграда. Во Тел Авив беа погодени повеќе објекти.

 

Ситуацијата вчера дополнително ескалираше, кога изби бунт на израелските Арапи во градот Лод, близу Тел Авив, при што демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, која одговараше со шок-бомби. Протести имаше и во Источен Ерусалим и во Западниот Брег.

Најновите борби се случуваат по неколкунеделните тензии по жестокиот судир меѓу израелски полицајци и палестински демонстранти кај џамијата Ал Акса.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …