Бројот на загинатите во руските напади врз клиника во јужниот град Запорожје се искачи на шест, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби изутината на 11 Декември, додавајќи дека најмалку 22 лица се ранети и оти спасувачките операции се уште се во тек.
Русија ги засили нападите со беспилотни летала и ракетни напади врз украинските градови и енергетската инфраструктура на почетокот на зимата, додека помалу бројните и послабо вооружени украински сили се борат да ја запрат континуираната руска офанзива на истокот на земјата.
Регионалниот гувернер на Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм изјави дека две жени биле извлечени од под урнатините во текот на ноќта и моментално се во болница, додавајќи дека се верува оти четири лица се уште се под урнатините на зградата уништена во ракетниот напад.
Денеска, Ројтерс цитираше два извори кои и дојавиле на агенцијата дека за време на првата средба на Украинскиот претседател Володимир Зеленски со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп по изборите, тој се залагал за безбедносни гаранции за Украина во преговорите за договор за ставање крај на војната со Русија.
Извор: РСЕ