Највеселото такси пристигна во Витаминка

Највеселото такси пристигна во Витаминка

Познатото возило од Витаминка и Тамаро летното такси, пристигна во кругот на прилепската компанија. Брендираното Рено 4 си ја заврши својата летна мисија и сега ќе биде атракција во дворот на фабриката. Највеселото такси во текот на месеците јули и август нудеше вистинска забава на охридските плажи. Избрендираното Рено 4 во боите на Витаминка, Тамаро и Супер радио секоја недела посетуваше некоја од познатите охридски плажи каде на заинтересираните летувалци и туристи, водителот Жанко ЗШ Голабоски,  им делеше од вкусните производи Стоби Флипс и  Магнус.

Летното Витаминка такси имаше и ноќна мисија, еднаш неделно за сите кои го сопреа возилото во вечерните часови, се возеа бесплатно до саканата дестинација, а притоа исто така си добиваа и многу Витаминка производи.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …