Наместо бесплатен јавен превоз, директорот на ЈСП поднесе оставка

Наместо да воведе нови автобуси и бесплатен автобуски превоз, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Иван Илиевски, си поднесе оставка. Ова е втора оставка на директор на некое јавно претпријатие под ингеренции на Град Скопје во рок од само шест месеци.

Со реакција за оставката на Илиевски се огласи и СДСМ.

„Очигледно дека и директорите на јавните претпријатија почнаа да бегаат од Данела Арсовска и нејзината неспособност. Толку од менаџерските способности на Арсовска. Прекинати проекти и партизација на градот е се што Арсовска ‘сработи’ во првите шест месеци од нејзиниот мандат. Шест месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, таа и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Прочитајте повеќе

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе …