Народната банка објави Поимник на термини од банкарското и централнобанкарското работење

Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност.

Поимникот, е достапен на следнава врска.

„Финансиската едукација е една од стратегиските цели на Народната банка. Населението коешто има познавања од областа на финансиите ги знае предностите од користењето различни финансиски услуги и е посвесно за ризиците. Овој вид едукација, во крајна линија, обезбедува поголема вклученост на населението во финансиските текови и олеснет пристап до финансии“, соопшти Народната банка.

Прочитајте повеќе

министерство за финансии

Граѓаните веќе можат да инвестираат во втората граѓанска обврзница

Министерството за финансии ја издаде втората емисија на граѓанска обврзница со камата од 5% годишно …