Горива

Народната банка очекува значителен пад на цените на нафтата

Цената на нафтата за 2019 и 2020 година е ревидирана надолу во споредба со априлските проекции, при што сега се очекува поголем пад на цените од предвидениот во април, прогнозира Народната банка во најновиот извештај за макроекономските показатели.

„Надолната ревизија во најголема мера е одраз зголемената неизвесност во трговските односи помеѓу САД и Кина и очекувањата за забавување на глобалниот раст, како и објавените податоци за раст на производството на нафта во земјите членки на ОПЕК во август“, се вели во извештајот.

За анализата на цените на нафтата Народната банка користи разни извештаи на ММФ, Светската банка, ОПЕК, ЕЦБ и на специјализирани меѓународни економски портали.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

банкноти пари плата пензии

MOН досега исплатило 48.000 ученици, парите за јануари – идната недела

Се соочуваме со предизвик што често се доставуваат неточни податоци, односно трансакциски сметки на родители …