НАСА: Поради климатските промени, Месечината ќе предизвика поплави за десетина години во САД

НАСА: Поради климатските промени, Месечината ќе предизвика поплави за десетина години во САД

Крајбрежните подрачја на Соединетите американски држави (САД) за десетина години ќе доживеат драматичен пораст на високи плими и поплави поради циклусот од Месечината, пренесува CNN. Наглиот пораст треба да започне во средината на 2030 година, кога месечевиот циклус ќе го зголеми покачувањето на нивото на морето како резултат на климатските промени, покажува новото истражување на членови на научниот тим за „Промена на нивото на морето на НАСА“ од Универзитетот на Хаваи.

Во подобра ситуација ќе бидат само крајните северни крајбрежја на Аљаска, бидејќи долгорочните геолошки процеси покажуваат покачување на тие копнени области.

Истражувањето објавено во списанието „Nature Climate Change“, ги зема предвид сите познати океански и астрономски причини за поплави. Поплавите од високите плими вклучуваат помалку вода отколку оваа во бурите од урагани, но студијата предупредува дека тоа не значи дека се тие помалку значајни проблеми.

„Национална океанска и атмосферска управа“ пријавила над 600 поплави како последица на плимите и на осеките во 2019 година. Ова ново истражување предвидува дека овие поплави ќе се појавуваат во кластери со траење од еден месец или подолго во 2030, зависно од положбата на Месечината, Земјата и Сонцето. Некои градови може да бидат поплавувани секој ден или на секои два дена.

Причината за овој очекуван бран е поврзана со 18,6 годишниот циклус на Месечината. Во моментов, циклусот е на половина од тој период, и ги засилува плимите и осеките – што значи дека високата плима станува повисока, а ниската осека станува сѐ пониска.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Скопски маратон 2024

Од денеска започнува пријавувањето за јубилејното 20 издание на Виз Ер Скопски Маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и …