Наставничката професија се смета за најстресното занимање во светот

Наставничката професија се смета за најстресното занимање во светот

Наставниците ја имаат најстресната работа, а тоа го покажува последна студија според која 75 отсто од наставниците секојдневно имаат многу интензивни нивоа на стрес. Студијата е нова, објавена е во 2021 година. Ова го потенцира Ребека Грејнџер – Елис, експертка за социјално и емоционално учење, на денешната конференција на тема „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања“, која заеднички ја организираат Владата, Британската амбасада во Скопје и УНИЦЕФ.

„Наставниците се изјасниле дека имаат високо ниво на секојдневен стрес. Наставничката професија се смета за најстресно занимање во светот. Причина за ова е тоа што училиштните организации немаат добро водство и колегијална пријатна средина. Обврските на работното место, многу евалуации, проблеми со однесувањето на децата, со родителите, придонесуваат за стресот. Родителите треба да научат здрави механизми за справување. Ова ќе ја подобри работата на наставниците. Многу често наставниците имаат ниски емоционални и социјални вештини, не можат да управуваат со сопствениот стрес“, рече Грејнџер – Елис.

На отворањето на конференцијата обраќања имаа премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. На средбата учествуваат експерти за образование од регионот и пошироко кои споделуваат искуства и податоци за најновите сознанија во областа на социо-емоционалното учење во раното детство и растечката важност на технологијата и дигиталните вештини и како тие се поврзани со целокупната добросостојба на учениците и менталното здравје.

Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани кажа дека поддршката што ја даваат на децата е единствената најголема инвестиција што секоја земја може да ја направи за да има посигурна, издржлива, одржлива и просперитетна иднина.

„Мораме да им помогнеме на децата да бидат издржливи за да можат да се справат со несигурностите и да ги поддржиме за да ги развијат вештините што им се потребни за да обликуваат подобра иднина за сите“, додаде таа.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …