НАТО

НАТО ќе распореди нови борбени групи во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека западната алијанса ќе распореди четири нови борбени групи низ Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка како дел од нејзиниот одговор на неиспровоцираната инвазија на Русија на Украина.

НАТО веќе има борбени групи во Естонија, Латвија, Литванија и Полска.

„Очекувам лидерите да се согласат да го зајакнат ставот на НАТО во сите домени со големо зголемување на силите во источниот дел на алијансата, на копно, во воздух и на море. Првиот чекор е распоредување на четири нови борбени групи на НАТО во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка“, изјави Столтенберг денеска во Брисел.

„Ова значи дека ќе имаме осум мултинационални борбени групи на НАТО долж источното крило од Балтикот до Црното Море“, рече Столтенберг пред вонредниот самит на НАТО закажан за утре, 24 март, на кој ќе присуствува и американскиот претседател Џо Бајден.

„Се соочуваме со нова реалност за нашата безбедност, така што мора да ги ресетираме нашите сили за одвраќање и одбрана на подолг рок“, рече тој.

Руската воена инвазија врз Украина започна на 24 февруари. Во нападите на руските сили животот досега го изгубија повеќе стотици цивили, а над 3.5 милони лица ја напуштија државата.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, …