НАТО на состанок во Букурешт, САД ќе објават нова значајна помош за Украина

НАТО на состанок во Букурешт, САД ќе објават нова значајна помош за Украина

САД ќе објават нова „значителна“ помош за Украина за време на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, кои денеска и утре ќе се сретнат во Романија, пишува весникот Гардијан. Очекувањата се дека САД ќе објават финансиска помош за Украина за да ѝ помогнат да се справи со штетите предизвикани од руските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, изјавија високи американски претставници.

Помошта, која ќе ја објасни државниот секретар Антони Блинкен на маргините на состанокот на НАТО во романскиот главен град Букурешт, „е значителна и не е крај“, изјави вчера за новинарите еден висок американски функционер.

Тој истакна дека администрацијата на Џо Бајден буџетирала 1,1 милијарди долари за покривање на енергетските трошоци во Украина и Молдавија.

Министрите за надворешни работи на НАТО се состануваат во вторник и среда во Букурешт, каде ќе се разговара за поддршката на Алијансата за Украина по руската инвазија.

Германија, која во моментов претседава со Г7, свика состанок за денеска попладне на маргините на собирот на НАТО за да разговара за енергетската криза предизвикана од војната во Украина.

Романија, како и соседна Молдавија, се тешко погодени од војната во Украина, а околу два милиони луѓе кои бегаат од Украина поминаа низ земјата. Букурешт моментално е домаќин на речиси 80.000 бегалци, пишува Гардијан.

Инаку, борбите на фронтот продолжија во Украина, првенствено во Донецкиот и Луханскиот регион. Во битката за градот Бахмут, Гардијан пишува дека секојдневно има по стотици мртви и повредени лица, бидејќи ниту руските ниту украинските сили не может да направат значителен пробив по неколкумесечните борби во овој град.

Русија доведе нови формации околу Бахмут во последниве недели, вклучително и засилувања кои претходно беа лоцирани во регионот Херсон, но борбите околу Бахмут прераснаа во рововски војни што потсетуваат на Првата светска војна.

Во текот на викендот, се појавија слики на украински војници во поплавени, калливи ровови и боишта околу кои има трупци од исечени дрвја од артилериски бараки.

Тешките борби продолжија и околу градот Соледар, со платеници од руската приватна воена корпорација „Вагнер“, која вклучува помилувани осуденици во првите редови на борбите.

„Луѓето се засолнуваат во подрумите, од кои многу се полни со вода“, рече гувернерот на Донецк, Павло Кириленко.

Цивилите во градовите каде се водат жестоките борби живеат во катастрофални услови без струја и греење.

Инаку, украинските власти и покрај руската воена агресија, се подготвуваат за дочек на божиќните и новогодишните празници. Кијивските власти планираат да подигнат новогодишни елки без светилки низ главниот град, но празничниот дух сепак подразбира поставување на дрвја без осветлување и венци за да се штеди струјата.

„Никој нема да ги откаже Новата година и Божиќ, а атмосферата на Нова година треба да биде тука“, изјави градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко.

„Не можеме да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ“, вели тој.

Кличко рече дека нема да има масовни собири или концерти за дочек на Новата година во Кијив.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …