Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на асоцијацијата „Ајде Македонија“ е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани. Целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.
Хуманитарниот настан ќе се случи утре по повод Денот за борба против гладта, кој ќе започне во 10 часот и ќе трае се до 19 часот во осум града на 30 локации, односно во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница.
Во апелот од организаторите се препорачува сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Според Државниот завод за статистика во Македонија имаат проблем да обезбедат храна 445.099 луѓе и во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат околу 12.000 тони вишок храна што претставува за околу 26 000 граѓани да имаат по три оброка дневно. Нејзината вредност се проценува на најмлаку 11,6 милиони евра што може да се искористи како нова програма за социјална заштита.
Извор: МЕТА