Националната Стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам е модел за нашата заедничка иднина

Со цел да придонесе кон унапредување на состојбите на еднаквост, правичност и инклузивност, еднаквост меѓу мажите и жените, вклученост на разните идентитетски, културни, етнички заедници и ранливи или маргинализирани групи во општеството, Владата на Република Северна Македонија на својата 162 седница ја усвои Националната Стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам. За овој стратешки документ на денешната прес-конференција говореа министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми и националниот координатор за развој на културата и меѓуресорската соработка, Роберт Алаѓозовски.

Министерот Едмонд Адеми рече дека Стратегијата ги идентификува темелните одредници, врз основа на кои ќе бидат иницирани активности за зајакнување на процесите на комуникација и соработка помеѓу заедниците, во насока на зајакнување на концептот на едно општество еднакво за сите.

„Оваа Влада, во изминативе две и пол години, со својата работа докажа, а така и ќе продолжи дека политиката е арена на вредности. Сфера на доблеста каде се отвара простор за конструктивна политика, политички дијалог, без било каква тенденција за поделби во општеството. Докажавме дека имаме политичка и општествена волја за решавање спорови. Можеме да докажеме дека умееме да бидеме модел и за успешно и функционално општество еднакво за сите. Модел за нашата заедничка иднина кој започнува со почитувањето на сите заедници во која различните култури ќе се почитуваат, ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат“, истакна министерот Едмонд Адеми.

Во своето обраќање националниот координатор за развој на културата и меѓуресорската соработка, Роберт Алаѓозовски се осврна на процесот на изготвување на оваа тригодишна Стратегија и Акцискиот план, кој го процени како широко консултативен, транспарентен и инклузивен процес, обезбедувајќи учество на претставници на државните институции, граѓанското општество и експерти.

„Координативното тело коешто беше задолжено за изготвување на Стратегијата во изминатите 12 месеци организираше широк партиципативен процес во којшто учествуваа преку 140 невладини организации, домашни експерти и секако претставници на клучните институции коишто оваа Стратегија ги опфаќа.  Во нашата работа по групи ги анализиравме состојбите, ги утврдивме приоритетите и целите и подготвивме и Акциски план којшто беше ставен на увид на најшироката јавност преку организирање на осум дебати во сите плански региони и размена на мислења и во повеќе од пет универзитетски центри, особено оние коишто работат со интеркултурни студенти и заедници“, истакна Алаѓозовски и додаде дека Стратегијата е усогласена со меѓународните конвенции, стандарди и особено со препораките на клучните меѓународни организации, како Европската Унија, Советот на Европа и неговите тела и на политичките определби на ОБСЕ и „Насоките од Љубљана за интеграција на разнолики општества“ на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ од 2012 година.

Стратегијата опфаќа седум области кои имаат клучно значење за интеркултурализмот, односно правна рамка, образование, медиуми, култура, општествена кохезија, млади и локална самоуправа и истата заедно со тематските акциски планови може да ја симнете од следниот линк: https://vlada.mk/nacionalni-strategii

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …