Денеска и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините повремено ќе преминуваат во снег.
Од среда до петок ќе дува засилен југоисточен и западен, а во сабота засилен северен ветер.
Минималнмата температура ќе се спушти 6 степени под нулата, а максималната ќе достигне 17 степени Целзиусови.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место