НБМ: Пораст на економијата од 3,5 проценти годинава поттикнат од извозот и инвестициите

НБМ: Пораст на економијата од 3,5 проценти годинава поттикнат од извозот и инвестициите

Пораст на економија од 3,5 проценти годинава, предвидува Народна банка во најновите макроекономски проекции. За следната година е предвиден пораст од 3,8 проценти а за 2021 година 4 проценти. Врз порастот на економијата најголемо влијание ќе имаат поволниот домашен амбиент, извозот, зголемување на инвестициите и личната потрошувачка.

– Во однос на изворите на порастот, позитивен импулс се очекува од домашната побарувачка, при натамошен пораст на личната потрошувачка и закрепнување на инвестициската активност, а позитивен придонес се очекува и од понатамошното зголемување на активноста во извозниот сектор – изјави гувернерката на Народна банка, Анета Ангеловска Бежоска.

Народна банка направи и надолна ревизија на инфлацијата која ќе изнесува 1,5 проценти наспроти два проценти предвидени во октомвриската анализа.

Во однос на надворешното опкружување односно економијата на ЕУ каде што државата најмногу извезува, проекциите се дека таа оваа година ќе забавува, но без изгледи за рецесија. Забавувањето на германската економија во првиот квартал од годината не влијае позначително врз извозот, бидејќи тој останува на 16 проценти како и лани истиот период.

Позитивно врз македонската економија би влијаеле НАТО и ЕУ интеграциите, но тие ефекти не се вградени во проекциите.

За јавниот долг на државата кој изнесува 46 проценти, гувернерката Ангеловска Бежоска рече дека не е аларментен и добро е државата да се држи во сигурна зона. Според неа важна е постепената фискална консолидација која е предвидена со Фискалната стратегија на Министерство за финанасии.

– Во јавниот долг се вклучени големите инфраструктурни проекти кои на долг рок ќе донесат предности. Нивото на капитал е мал и потребно е вложување во капитални проекти – додаде Ангеловска Бежоска.

На новинарско прашање во однос на употребата на новите пари со новото име, Ангеловска Бежоска рече дека тие ќе почне да се употребуваат на почетокот на следната година и ќе се заменуваат со старите во зависност од побарувачката на пазарот и пуштањето во оптек на нови.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …