Алта Банка тонела во загуби уште пред кризата

Алта банка оди на продажба за десет дена: НБРМ бара решение за пензиите и платите

Народната банка подготвува посебно решение за исплата на средствата на околу 3.500 пензионери (од вкупно 11.500 кои примаат пензија преку „АЛТА банка“ АД Битола), а кои не поседуваат платежни картички. Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ „Телма“ истакна дека се разгледува можноста за овие граѓани да се дозволи еднократно подигнување до 20.000 денари преку шалтер, со цел да се избегнат повеќекратни посети и да се олесни пристапот до нивните пари.

Паралелно со ова, централната банка бара механизми за деблокирање на тековните обврски на деловните субјекти. Иако преносите на средства надвор од банката се привремено ограничени, а дозволени се само внатрешни плаќања без лимит, се разгледуваат решенија за компаниите со сметки во банката да можат навремено да ги исплатат платите на вработените и да ги подмират даноците и придонесите пред законскиот рок до 15-ти во месецот.

Продажба на акциите на Македонската берза

Во рамките на привремената администрација која може да трае до три месеци, Народната банка веќе испратила известување до српскиот регулатор со барање во рок од три дена да се произнесе дали белградската „АЛТА банка“ ќе ги понуди на продажба акциите во битолската филијала.

„Без разлика дали ќе добиеме одговор од регулаторот, по истекот на десет дена Народната банка ќе ги понуди акциите на „АЛТА банка“ АД Битола на Македонската берза“, нагласи Славески. Според него, веќе постои интерес од неколку домашни и странски инвеститори за преземање на банката, а целта на брзата постапка е избор на инвеститор кој ги исполнува супервизорските критериуми и ќе обезбеди долгорочна стабилност.

Демант за милионски одливи кон Србија

Осврнувајќи се на шпекулациите во јавноста за наводно извлекување капитал и перење пари по изборите во Србија на 26 октомври, гувернерот соопшти дека сите трансакции се детално проверени. Вкупните одливи од „АЛТА банка“ АД Битола кон клиенти во Србија по овој датум изнесуваат околу 180.000 евра, додека приливите од Србија изнесуваат 16.000 евра. Славески појасни дека станува збор за редовни комерцијални плаќања на мали бизниси за увоз на стоки и дека не се регистрирани милионски трансфери ниту сомнителни трансакции.

Прочитајте повеќе економски вести во рубриката „Пари“ на Публикум.

Прочитајте повеќе

Шокантно сведоштво на мајката на претепаното девојче од Охрид: „Го прашуваше татко му дали да ја фрли во провалија“

Шокантно сведоштво на мајката на претепаното девојче од Охрид: „Го прашуваше татко му дали да ја фрли во провалија“

Ирена Ѓорѓиеска, мајка на претепаното девојче од Охрид кое сè уште се наоѓа на болничко …