НБРСМ: Домашната инфлација ќе зависи од увозните цени, но не се очекуваат големи ценовни притисоци

НБРСМ: Домашната инфлација ќе зависи од увозните цени, но не се очекуваат големи ценовни притисоци

Висината на инфлацијата во македонската економија, како и кај повеќето земји од регионот, ќе зависи од промените на увозните цени. Тоа се глобални фактори коишто се оценети како привремени. А, иако се можни преносни ефекти, поголеми ценовни притисоци не се очекуваат. Оттука, како и со оглед на оценките за отсуство на притисоци од побарувачката, нема потреба од промени во олабавената поставеност на монетарната политика.

Ова го оцени вицегувернерката на Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ), Ана Митреска, на годишниот состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), на кој се разговараше за предизвиците за монетарната политика во Централна и Југоисточна Европа. Предмет на дискусија беа повеќе теми – ефектите од пандемијата врз економскиот раст и врз долгорочниот потенцијал на економиите, отпорноста на финансискиот сектор во регионот, фискалната реакција и координацијата со монетарната политика, како и инфлациската динамика и монетарната поставеност.

Митреска посебно се осврна на движењето на инфлацијата во регионот, нагласувајќи дека во пандемиската 2020, таа во просек забави и се задржа во зоната на умерени позитивни промени. Во тоа се вклопува и македонската економија, инфлацијата не претрпе поголеми промени и се задржа во контролирани рамки.

Очекувањата за инфлацијата за следниот период за целиот регион се под влијание на нагорните промени на цените на примарните производи на светските пазари, што е очекувано со оглед на трговската отвореност на економиите и нивната увозна зависност, оценуваат од НБРСМ. Сепак, проекциите за инфлацијата во регионот за следните неколку години не се многу променети во однос на претпандемиските,  покажувајќи дека растот на увозните цени, во услови на постепено закрепнување на економиите, не би предизвикал продолжени притисоци на ценовното ниво. Ризици постојат, со оглед на неизвесното окружување, но тие внимателно се следат од сите централни банки во регионот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Откако актуелната влада го подигна нивото на социјална помош, се водат дебати дали воопшто се …