Нè чека изолација ако го одложиме референдумот, сметаат аналитичарите

Нè чека изолација ако го одложиме референдумот, сметаат аналитичарите

Изолација, враќање на режимот, губење на довербата од ЕУ и обратно. Ова се само неколку штети со кои би се соочила Македонија доколку го одложи референдумот за името кој требаа да се одржи до крајот на октомври. Ова го велат за „Порталб“, претседателот на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани и политичкиот аналитичар, Петар Арсовски.

– Ако во предвидениот рок не се одржи референдум, штетата ќе биде преголема, Македонија ќе ја изгуби шансата да се интегрира во ЕУ и НАТО, ќе се отворат други прашања што ќе ја преземат меѓуетничката, а не само македонската димензија. Македонците, но исто така и Албанците, ќе бидат затворени, ќе бидат изолирани, ќе бидат преземени економски мерки, дипломатските политики, а штетите ќе бидат непредвидливи – вели Рамадани.

Арсовски, исто така, смета дека ако референдумот биде откажан на есен, Македонија ќе се врати во мрачниот период на режимот и изолацијата.

– Ако го пропуштиме тој рок, ризикуваме Грција да не го ратификува Договорот. Потоа, Македонија ќе се претвора во стариот режим на неконтролираната демократска сцена. Во овој случај, довербата на ЕУ во Македонија ќе биде изгубена, но исто така и довербата на Македонија во ЕУ. Затоа мислам дека доколку се одложи референдумот нема да има сценарио кое ќе биде од корист за Македонија – вели Арсовски.

Евентуалната условност на референдумот од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со барањето за амнестија на учесниците на насилството во Парламентот на Македонија на 27 април или изборот на членови на Државната изборна комисија, се две сценарија кои можат да и наштетат на Македонија, но во исто време можат да ја оштетат самата партија, предводена од Христијан Мицкоски.

– ВМРО-ДПМНЕ има можност да го спречи одржувањето на референдумот, но бумерангот ќе се врати, особено од меѓународниот фактор, како за нивното постоење како политичка партија, така и за Македонија – вели Рамадани.

Арсовски не ја исклучува можноста дека со тој чекор ВМРО-ДПМНЕ ќе направи политичко самоубиство, но според неговата проценка, партијата не добива ништо ако референдумот биде одложен поради нив.

-Не треба да се потцени капацитетот на домашните политички партии да извршат политичко самоубиство. ВМРО-ДПМНЕ може да условуваат заради амнестија, да излезат од политичките разговори или да го напуштат Собранието, но и тие сценарија не се добри за нив. Со тоа можат да и наштетат на Македонија, но истото за нив ќе значи смртна казна, не може да се спротивстави на целиот свет. Не гледам каква ќе биде профитот на ВМРО-ДПМНЕ – оценува Арсовски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …