Не е до струјата, до народот е!

Не е до струјата, до народот е!

Пишува: Зоран Милошески

Откако памтам, секогаш во текот на денот имало 2-3 саати кога сме користеле струја по пониска цена од стандардната. И вообичаено тогаш се вклучувале шпорети, бојлери, машини за перење алишта, а во зима и печките на струја. Тоа траеше со години, сѐ додека еден убав ден Грујо не сфати дека народот, всушност, забегал од преголемите привилегии кои ги ужива. Загрижен за неговото ментално здравје, како впрочем и секој одговорен политичар, му ја укина дневната евтина тарифа.

И што се случи? Ништо! Беше ука-бука некој ден, неколку граѓански здруженија го кренаа гласот и – толку. “Горделивото и бунтовно“ Македонче уште еднаш ја наведна главата и му докажа на светот дека не постои навреда и тортура која не може да ја истрпи и преку која не може да премине. Тука некаде заврши нашето “чојство и јунаштво“.

Деновиве Заев го исполни изборното ветување и најави дека од 1.октомври се враќа евтината тарифа на струјата. Реално, заштедата која граѓаните ќе ја имаат во текот на еден месец воопшто не е за потценување, што кај домаќинствата кои се греат на електрична енергија особено иди до израз за време на грејната сезона. Арно ама, не само што реакциите на јавноста по најавата за воведување на оваа мерка беа благи до степен на рамнодушност, туку на социјалните мрежи осамнаа и поприличен број критики – од тоа дека потегот бил популистички, до констатацијата оти во терминот од 14-16 часот ретко кој бил дома, па евтината тарифа исто како и да ја немало!?

Беспредметно е да прашам како тоа дотичните заговарачи на оваа небулоза дошле до ваквата констатација. Оти во оваа држава ако нешто не фали тоа се лоши политичари, дволични луѓе и малоумни тези. Затоа не е проблемот до скапата струја и евтината тарифа, туку до сите нас е. До народот е…

Се сеќавате кога пред некоја година Регулаторната комисија за енергетика рече дека цената на струјата ќе се зголеми за 16%? Следниот ден излезе Грујо и рече: „Струјата НЕ СМЕЕ да поскапи за 16%, туку САМО за 10,5%“. И одма општа еуфорија! Алал да му е на Николче, тоа е премиер, тоа е човек од мајка роден! Бел бумбар за поскапувањето на струјата!

Ете така треба, така реагира народ со високоразвиена општествена свест: “БРАВО“ за тој што ја зголемува цената на струјата, “УА“ за тој што воведува евтина тарифа. Затоа за овој народ не што не треба да има евтина тарифа на струјата, туку ни струја не треба да има. Оној кој не знае да размислува со сопствена глава, кој не може да го разликува доброто од злото, не заслужил ништо повеќе од газиена ламба!

Прочитајте повеќе

Колумна на Стефан Богоев: Извинете, згрешивме!?

Колумна на Стефан Богоев: Извинете, згрешивме!?

Колумна на Стефан Богоев за неделникот „Фокус“ Извинете, згрешивме!? Почитувани граѓани, драги читатели, за многумина …