Финска пред неполн месец ја доби најмладата премиерка во светот, Сана Марин, за која се крена голема врева кога беше избрана околу составот на нејзиниот кабинет и за дел од политиките кои сака да ги примени.

Десетици медиуми деновиве објавија дека новата финска премиерка Марин ќе воведе флексибилно работно време од четири дена во неделата, наместо пет како што е во поголемиот дел од светот. И не само тоа, туку ќе ги намалела и работните часови во денот од 8 на 6. Иако, ова звучи убаво и би сакале да се случи во вашата земја, сепак тоа не се случува ниту во Финска, пишува „КриТинк“.

Оваа вест е лажна. Медиумите во својата објава го цитираат „Дејли меjл“, кој е британски таблоид познат по објавување на шпекулации и непроверени информации. Веста толку многу се прошири што со појаснување мораше да излезе и финската влада.

Finnish Government

@FinGovernment

In the Finnish Government´s program there is no mention about 4-day week. Issue is not on the Finnish Government’s agenda. PM @marinsanna envisioned idea briefly in a panel discussion last August while she was the Minister of Transport, and there hasn’t been any recent activity.

Извор: МЕТА