Градинка Деца градинки

Небезбедни оброци за децата: Инспектори откриле валкани кујни и ризична храна во градинки и училишта

Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта. За утврдени недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување, информираат во АХВ

Дваесет и четири килограми небезбедна храна од три детски градинки биле уништени, откако инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство констатирале дека таа не била соодветно чувана. Директорите се казнети парично, а освен во градинките, поради погрешно декларирање, уништени се и други 59 килограми храна во едно училиште.

„Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територија на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта. За утврдени недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните“, се наведува во соопштението од АХВ.

Оттаму информираат дека парични казни изречени се за три градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.

„Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна. Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекоа 1 парична казна и донесоа 5 решенија за нивно отстранување“, се додава во соопштението.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Македонија времено ги прекинува исплатите на средства од ИПАРД

Македонија времено ги прекинува исплатите на средства од ИПАРД

Министерството за финансии информира дека земјава, преку органите за управување  на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на …