Нееднаквост на Врховниот суд: Граѓаните чекаат со години, бизнисмените и функционерите „вршат работа“

Врховниот суд донесе одлука за случајот „Труст“ на бизнисменот Сеад Кочан една година и седум месеци по одлуката на Апелациониот суд. Но тоа не е случај со граѓанинот Насер Ештрефи, чие семејство пет години чека пред вратите на судот, каде случајот е покриен со прашина, пишува Порталб.мк.

Нееднаквиот пристап на судските институции кон граѓаните е секако една од главните причини поради која граѓаните не им веруваат на оние што треба да ја делат правдата. Одлуката за предметот „Труст”, на поранешниот „тежок“ бизнисмен, Сеад Кочан, за кого беше „жртвуван“ претходниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, откако го ослободи од притвор, секако го покажува пристапот на овој суд кон предметите. Апелациониот суд, на 11 март 2019 година, ја усвои одлуката во предметот „Труст“ со која на бизнисменот Сеад Кочан, му ја намали казната, изречена од првостепениот (Кривичен) суд , од шест години на четири години и осум месеци. Веднаш потоа тоа, тимот адвокати на Кочан поднесе жалба против оваа одлука до Врховниот суд за преиспитување на пресудата за случајот.

Вчера, 24 септември 2020 година, беше објавена одлуката за случајот на бизнисменот.

„Тенк“

Истото се случи и во судскиот процес „Тенк“, во кој за виновни беа прогласени поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот заменик-министер во МВР, Ѓоко Поповски. За овој судски случај Врховниот суд одлучи во рок од една година и шест месеци во „вонредно преиспитување на конечната пресуда“.

Апелација донесе одлука за жалбата на странките против првостепената постапка на 28 март 2019 година, додека Врховниот суд ја објави одлуката за жалбата на 18 септември 2020 година.

Случајот на Насер Ештрефи

Но, што се случува со предметот на еден граѓанин, чие семејство за да стигне до правдата, нема врата на која не тропнало… Несомнено, случајот со Насер Ештрефи го одразува (не)функционирањето и (не)ефикасноста на судството во Северна Македонија, што неодамна беше докажано со анкетата на ИРИ, каде само три отсто на граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во судствтото, резултат што е најслаб споредено со земјите од регионот.

Сега е близу крајот на деветтиот месец од 2020 година. Во 2016 година, пред речиси пет години, семејството на Ештрефи, поднесе жалба до Врховниот суд, наведувајќи дека Основниот суд и Апелациониот суд му изрекле драконска казна од 14 години затвор на нивниот син , Насер, за убиството на матурантот Сашо Петковски во Ѓорче Петров во 2014 година. Но, Врховен суд сè уште не може да донесе одлука, бидејќи „предметот бил сложен“.

Наместо Врховниот суд, како во случајот со бизнисменот, или оние во „Тенк“ од 600.000 евра, да донесе одлука дали ја прифаќа жалбата или не, за да го отвори патот на странката да ја продолжи институционалната борба во Стразбур, предметот веќе пет години шета од рака во рака, а Врховниот продолжува со роботски одговори „се работи на случајот“. Како што вели адвокатот на Насер, Ангел Георгиев: „Кога би измислувале електрична енергија, до сега би измислиле како ќе се произведува“.

Како шетал „предметот“?

• 2016 година – Адвокатот Ангел Ѓеоргиевски, поднел жалба до Врховниот суд во врска со одлуката на Основниот суд и Апелациониот суд да го осуди Насер Ештрефи на 14 години затвор за убиството на матурант во Ѓорче Петров во 2014 година. Врховниот суд наведува дека истата година формирал предмет.
• 2017 година – Според Врховниот суд, предметот преку системот АКМИС бил даден за работа кај судија. Во октомври 2017 година, предметот административно бил вратен во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, за да ја прими и комплетира жалбата и одговорот на жалбата, кои не беа пронајдени во списите на предметот.
• 2018 година – По комплетирање на списите на случајот, случајот двапати бил изложен и дискутиран пред Судскиот совет и бил откажан. Случајот бил на читање кај сите судии на надлежниот Судски Совет.
• 2019 година – Имаше промена во составот на Судскиот совет. Случајот неколку пати бил изложен пред Судскиот совет, додека поради сложеноста на предметот било потребно, по барање на судиите, истиот да биде разгледан од секој судија.
• 2020 година – Случајот е сè уште во фаза на одлука.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …