Неексплодирана бомба ја „стресе“ прилепската чаршија

Информацијата која денеска го привлече вниманието на прилепската јавност, беше веста дека во летната бавча на кафетеријата „Кафе Ин“ во центарот на градот е пронајдена неексплодирана рачна бомба.

Неофицијалните информации до кои дојде ПУБЛИКУМ, велат дека бомбата биле фрлена ноќеска околу 02.30 часот од страна на засега непознато лице. На бомбата, како што може да се види и од фотографијата, бил отстранет осигурувачот, после што била фрлена. Меѓутоа од одредени причини бомбата не експлодирала, туку само испуштила чад.

Откако околу пладне бомбата била забележана, алармирана била полицијата, при што беа евакуирани сите околни објекти, а експлозивната направа беше отстранета од страна на специјалната единица за антитероризам од Скопје.

Во текот на утрешниот ден, се очекува МВР да излезе со повеќе информации околу настанот.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …