Некрофилот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го допреа дното, се радуваат на починати, работат против здравството

Некрофилот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го допреа дното, се радуваат на починати, работат против здравството

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани,

Морбидноста во ВМРО-ДПМНЕ достигнува огромни размери. Примерите на мрачниот некрофил Христијан Мицкоски го следат и во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека секојдневно стотици семејства се борат со опасниот коронавирус, додека сите здравствени работници даваат се од себе во борбата против опасниот вирус, ВМРО-ДПМНЕ тера морбидна, некрофилна кампања и неодговорно работи против здравствениот систем.

Вчерашното поставување на плакат кој алудира на смрт пред Министерството за здравство од страна на претседателот на УМС Аеродром Стефан Синадиновски е уште еден морбиден, срамен чин.

Овие фотографии се уште еден доказ за морбидноста на ВМРО-ДПМНЕ и дното кое го допре оваа партија, која секојдневно ја руши, ја поткопува бробата против вирусот.

За неверување е дека ДПМНЕ-морбидна им се руга на семејствата кои загубиле свој член од коронавирусот, дека се радува и слави за бројот на почитани лица.

Ова не само што е политички погрешно, некоректно, ова е нечовечки. Во време на светска пандемија ВМРО-ДПМНЕ и некрофилот Мицкоски ја слават смртта, навиваат за опасниот вирус.

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет, никакво право да глуми загриженост за состојбата со коронавирусот. Малку им беше тоа што ги прекршуваа мерките, што го поткопуваат здравствениот систем, сега прават и настани со кои застануваат на страната на вирусот.

Токму заради ваквиот однос Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја немаат довербата од граѓаните, токму заради ваквиот однос се во опозиција и уште долго ќе останат таму.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …