Градинка Бајка Прилеп

СДСМ Прилеп: По заслуга на неспособната локална власт, неотворената градинка „Бајка“ прерасна во кошмар

Прес-конференција на Ивона Кузмановиќ, член на Советот на општина Прилеп од редовите на СДСМ

Ова е недовршената детска градинка во прилепската населба Точила.
Ја крстија „Бајка“.
И’ дадоа име, а требаше да и’ дадат живот.

По „заслуга“ на неспособната локална власт и градоначалникот Борче Јовчески, кои ниту после 3 години не успеаја да ја стават во функција, за прилепчани “бајката“ прерасна во кошмар. Особено за оние родители кои се уморија чекајќи нивните деца да бидат згрижени во градинката.

Во својата изборна програма, Борче Јовчески и ДПМНЕ ветија изградба на детски градинки за 500 деца и експресно пуштање во употреба на градинката наследена од претходната локална власт на СДСМ.
Ниту градинка изградија, ниту изградената ја пуштија.

Пред две години, од истото ова место и Христијан Мицкоски најави дека е прашање на денот кога градинката ќе биде исполнета со детски џагор.

Не еден, туку од тогаш поминаа 750 дена. Вратите на „Бајка“ се закатанчени, градинката е празна. Дадениот збор се заборави, но она што остана е бесрамната лага на ДПМНЕ, на Мицкоски и Јовчески.

Почитувани,

На граѓаните на Прилеп одамна им е јасно дека оваа локална власт не ја бидува. Впрочем, трите изминати години тоа и го потврдуваат: ниту еден реализиран проект, раскопани улици потонати во темница, поскапени комунални услуги, јавни претпријатија доведени пред банкрот.

Но, она коешто е за секоја осуда и што предизвикува револт меѓу прилепчани, е неспособноста на локалната власт да го работи она за кое ја добила довербата на граѓаните, а кое директно се рефлектира врз условите за раст и развој на нашите најмлади сограѓани.

Од оние кои немаат емпатија кон најмладите, возрасните нема што да очекуваат!

Прочитајте повеќе

Вучиќ

Засега ништо од отворањето на кластерот 3 во преговорите на ЕУ со Србија

Прашањето за отворање на кластерот 3 со Србија ќе биде земено предвид откако земјата ќе …