Николоски: Пратениците што се против уставни измени не се против ставот на Мицкоски

Николоски: Пратениците што се против уставни измени не се против ставот на Мицкоски

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што на своите профили на социјалните мрежи напишаа дека нема да поддржат уставни измени не се противат на ставот на партискиот претседател Христијан Мицкоски, туку само го пренесуваат расположението на народот, одговори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на новинарско прашање дали ваквите искази на пратениците се одраз на нов партиски став кој е против она што го соопшти претседателот на партијата – дека ќе се поддржат уставни измени ако народот на референдумот се изјасни „за“.

– Не мислам дека ставот на пратениците се противи на ставот на претседателот на партијата. Пратениците се најсилниот дел од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја чувствуваат вибрацијата на граѓаните. Тие се во секојдневна комуникација со граѓаните  и штом решиле дел од нив вака јавно да го кажат својот став, значи дека тоа е она што го добиваат како вибрација од граѓаните и сакаат да го пренесат и тоа е апсолутно за почит – одговори Николоски.

Тој за изјавата на европратеникот Алојз Петерле дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ даваат поддршка на Договорот со Грција, рече дека се должи на лошо разбрана ситуација во разговорот со Мицкоски и оти е апсолутно неточно дека пратеници на најолемата опозициска партија се решени да го поддржат договорот.

– Јас бев на состанокот со Петерле и можам да кажам дека ова е неточно или лошо разбрал во преводот или нешто не разбрал. Но, ова е целосно неточно – нагласи Николоски по денешната прес-конференција.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …