Николовски: Нема застој во откупот на лубениците и другите земјоделски производи

Николовски: Нема застој во откупот на лубениците и другите земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски рече дека дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, и доколку се процени дека има потреба, Владата ќе преземе соодветни мерки, како што бил случајот со доматите.

Тој потсети дека лани, МЗШВ воведе дополнителна субвенција од два денари за килограм за лубениците и шест денари за килограм праски, дополнителни мерки за пченицата, како и за грозјето.

„Оваа година, се зголеми на субвенцијата за предадени домати од три на седум денари за килограм, и се постигна договор вишокот домати да го откупат преработувачките капацитети, а се со цел стабилизирање на откупот“, изјави Николовски.

На новинарско прашање во врска со годинешната жетва на пченица, тој потенцираше дека пред почетокот на жетвата се одржале неколку состаноци со земјоделците и мелничарите, но и дека во тек е процедурата која што ја започнала Агенцијата за стокови резерви, со која што е планирано откуп на 12.000 тони домашна пченица.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …