Николовски од Пехчево: СДСМ изгради патишта и пречистителни станици, Мицкоски гради хидроцентрали за лично богатење

Николовски од Пехчево: СДСМ изгради патишта и пречистителни станици, Мицкоски гради хидроцентрали за лично богатење

Изјава за медиуми на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3

Почитувани граѓани,

Полека и сигурно, работите се менуваат. Со труд, чесност, се прават сигурни чекори нанапред.

Се гради насекаде, се гради и на Истокот. Нашиот Источен регион не е веќе заборавен и запуштен регион.

Се поврзуваме и внатре во државата и со соседите.

Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци.

Три од четирите експресни патишта се градат овде на Истокот.

Пуштен е во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно пуштени во употреба во следниот период.

Денеска, овде во Пехчево граѓаните веќе го користат новиот пат Пехчево-Делчево, во должина од 11 километри.

Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој.

Не беше толку далечно времето кога се инвестираше само во барок, во галии и во сметките на Белизе. Кога се богатеше само бегалецот од Будимпешта и неговата екипа. Истата непроменета екипа која сега ви вели да сте се исправеле.

Згрбавени бевме до друго време. Не сега. Сега сме слободни и време е за развој, не за поделби и омраза!

Токму од овде, од Пехчево можеме да ја видиме разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Додека ние инвестираме во патна инфраструктура, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ овде инвестираа во три хидроцентрали за лично богатење, а на сметка на животната средина.

Граѓаните овде во Пехчево се бунеа, протестираа, но нив никој не ги слушаше и брзо беа замолчени. Тоа беше методот на ДПМНЕ. Молк, страв, несигурност.

Додека ние овде во Пехчево инвестираме во пречистителна станица за отпадни води, за да ја заштитиме животната средина, Мицкоски со неговите хидроцентрали целосно ја наруши истата и секојдневно ја загрозува.

Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, промашени траси, некомплетни проекти.

Но го поправивме тоа и не запираме додека не изградиме современа држава.

Покажавме дека можеме и умееме.

После 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе.

Прочитајте повеќе

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да го менаџираат енергетскиот систем

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да го менаџираат енергетскиот систем

Соопштение за јавност на СДСМ Нашиот најголем капацитет за производство на струја, РЕК Битола не …