Прес-конференција на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

Почитувани граѓани,

Дозволете да информирам за одлуките на денешната седница на Централниот одбор на СДСМ.

Уште од оваа недела, СДСМ започнува интензивини теренски активности, со граѓаните.

Под слоганот „Најдоброто за нашата општина“ ќе бидеме со граѓаните, во секое населено место, село, маало, урбана заедница, град, во секоја општина.

Почнуваме со маалски средби во четврток, 10 јуни, до крајот на јули, околу 250 маалски и урбани средби со претставици на раководството, партиските избрани и именувани функционери, пратеници, со граѓаните насекаде ширум државата.

Дополнителни 750 средби на локално ниво на коишто се приклучуваат и градоначaлници, пратеници и други партиски функционери на СДСМ.

Во рамки на овие теренски активности најавувам и одржување на 15 граѓански трибини насекаде.

Караванот граѓански трибини „Најдоброто за нашата општина“ започнува во петок, на 11 јуни, од главниот град, Скопје.

Продолжуваме во месеците јуни и јули со вкупно 15 трибини, а продолжувме потоа кон крајот на август и во други населени места.

Преку разговор со граѓаните на секојдневни, интензивни средби сакаме да дадеме отчет за сработеното на локално и на централно ниво за секоја општина, за сите проекти и мерки кои се реализирани и доаѓаат до граѓаните.

Дополнително да ги прашаме граѓаните од што се задоволни, што сакаат да се промени, на што треба да се стави акцент во периодот што следи.

Да ги консултираме граѓаните, да побараме предлози и идеи кои би биле внесени во изборните програми на следните локални избори.

Како и досега, заедно со граѓаните ги креираме мерките и политиките што гарантираат локален развој, напредок и подобар квалитет на живот во секоја општина.

Без разлика кој ќе биде кандидатот или кандидатката за градоначалник, СДСМ како партија се обврзува сето она што е ветено пред граѓаните да биде вметнато во програмите и реализирано.

СДСМ постои за граѓаните и целокупната работа на партијата е да бидеме сервис за граѓаните.

„Најдоброто за нашата општина“ е препознатлив печат на СДСМ!

Дали станува збор за локално или централно ниво СДСМ е најдобриот избор на граѓаните.

Најдоброто затоа што СДСМ има најдобри проекти, најдобра понуда, концепт, визија и најдобар степен на реализација. За нас зборот е збор.

„Најдоброто за нашата општина“ затоа што ќе имаме најдобра кадровска и програмска понуда пред граѓаните и на претстојните локални избори, а за сето тоа разговаравме на Централниот одбор.

Тоа е една од одлуките на Централниот одбор.

Започнува инклузивна, отворена, демократска внатрепартиска постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници на СДСМ за локалните избори.

СДСМ по сите истражувања е фаворит на изборите, но затоа кадровската и програмската понуда сега се наш целосен фокус. „Најдоброто за нашата општина“ е нашата главна и клучна цел, најдоброто за граѓаните, тоа е СДСМ.

Оттука во критериумите кои ги одреди Централниот одбор токму тоа е клучно, кредибилитетот на секој кандидат, угледот, авторитетот, чесноста, посветеноста, капацитетот и визијата за развој на општината.

Тоа се дел и од новитетите. Бараме од секој кандидат изработка и доставување на детална програма со предлог идеи, проекти и визија за развој на општината или градот Скопје за периодот 2021-2025 година.

Поделени во области, каде се опфатени столбови согласно централните политики на СДСМ за заштита на животната средина, локален економски развој, трансперентност, отчетност, за развој на спортот, културата, инфраструктурата, за подобар живот во секое населено место.

Почитувањето на Етичкиот кодекс е исто така вредност којашто особено ќе се цени.

Во делот на кандидатите за советници се вградени нашите вредности и политики, застапеност на двата пола со 50%, најмалку 33% млади и секако концептот којшто победи и е препознатлив за сите граѓани и заедници, а тоа е концептот едно општество за сите.

Во текот на месец јуни, согласно одлуките на Централниот одбор вечерва, ќе објавиме повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници коишто имаат желба, капацитет, коишто знаат како да ги водат општините.

СДСМ докажува дека е отворена партија и секој што има желба да се вгради во нашата понуда, вратите му се отворени.

И на овие локални избори, СДСМ ќе излезе со чесна понуда која што носи најдобро за секоја општина за секое населено место.

Нашиот политички конкурент од ВМРО-ДПМНЕ се уште е нереформирана, заробена партија која има единствена политичка цел е да блокира, да кочи, на сите страни, а тоа граѓаните го препознаваат и го казнуваат.

Нема напредок со оние кои се назад, нема реформи, нема промени, со оние кои не се промениле со години, кои не се реформирале, кои не се модернизирале. Тоа е јасно како ден.

Од денеска СДСМ преминува во штабска работа. Тоа е уште една одлука на денешната седница на ЦО.

Како шеф на изборниот штаб се заблагодарувам за довербата којашто ми е дадена од страна на Централниот одбор и претседателот Заев. Тоа за мене е чест и голема одговорност. Верувам дека ќе одработиме за уште победа за граѓаните, тоа го покажавме и докажавме и на претходните избори и затоа ќе продолжиме со исто темпо.

СДСМ е најсилната, најмоќната, најразнолика и најорганизираната партија во земјава и тоа ќе го покажеме и потврдиме уште еднаш.

СДСМ постави високи стандарди на одговорно, чесно и транспарентно водење на централните институции и единиците на локалната самоуправа и така ќе продолжиме и во иднина, во интерес на граѓаните.

На граѓаните им е јасно дека само со СДСМ е сигурен локалниот и регионалниот развој, само со СДСМ е сигурна заштитата на животната средина, само со СДСМ сигурен напредокот на секое населено место, на секоја општина.