Николовски: Штип останува во сигурни раце со доктор Николов, во недела гласајте за број 2!

Николовски: Штип останува во сигурни раце со доктор Николов, во недела гласајте за број 2!

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното вклучување во живо на социјалните мрежи ги повика граѓаните на Штип в недела да гласаат за доктор Сашко Николов затоа што само со него Штип останува во сигурни раце.

Генералниот скретар Николовски истакна дека СДСМ и преку централната и локалната власт во последните три години инвестирала многу во општина Штип и нејзините граѓани и дека тоа ќе продолжи по победата на Николов на изборите на 13 декември.

– Забрзано се гради експресниот пат Штип-Радовиш, се доврши изградбата на автопатот Штип-Радовиш, каде затекнавме огромни проблеми, се гради и експресниот пат до Кочани. Овде во Штип по неколку децении се изгради нов мост, нова детска градинка, Штип го заокружи процесот за гасификација, а следува реализација и на деценскиот сон на граѓаните од овој регион, изградба на брана на река Отиња. СДСМ покажа дека Штип е навистина битен, како центар на Истокот и затоа ќе продолжиме да вложуваме во овој град, во овој регион, а успешните проекти ќе продолжат со Николов како татко на градот, порача Николовски.

Во однос на неучеството на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, Николовски истакна дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано се однесуваат незрело и лицемерно, а со бојкотот на овие избори покажаа дека немаат никаква одговорност кон Штип и неговите граѓани.

– Во ВМРО-ДПМНЕ ги знаат анкетите, знаат дека од доктор Сашко Николов нема подобар кандидат, знаат дека ги чекаше нов пораз овде во Штип и затоа избегаа од избори и покажаа неодговорност кон овој важан град и граѓаните кои живеат во него. Штип заслужува легитимен градоначалник и затоа ги повикувам сите граѓани во недела да го искористат правото на глас и да дадат поддршка за нашиот кандидат Сашко Николов. Изборите ќе бидат безбедни и сигурни по здравјето на сите, на 13 декември да гласаме за број 2 за доктор Николов, повика Николовски.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …