Нимиц е оптимист за иднината, според Димитров имало условен напредок

Нимиц е оптимист за иднината, според Димитров имало условен напредок

После денешната, речиси осум часовна средба, помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димтров и Никос Коѕиас, медијаторот на ОН Метју Нимиц рече дека е оптимист за иднината, објави телевизија „Телма“.

-Ова е една од серијата средби со цел да го решиме таканаречениот спор за името. Имавме средби цел ден и тоа беше еден продуктивен состанок, што ме наведува да бидам оптимист за иднината. Додека ние имавме средби, имаше паралелни средби на дипломати и експерти од двете земји, кои работат на некои од помалку контроверзните аспекти од договорот, особено фокусирани на иднината на односите меѓу двете земји. Серијата на средби ќе продолжат во иднина, поставивме еден работен пат, и можам да кажам дека, без навлегување во детали, ги адресиравме тешките прашања, сè уште постојат тешки прашања кои треба да се решат, но според моето мислење и долго искуство, постои многу позитивно чувство – рече Нимиц.

Медијаторот додаде дека и двајцата министри се фокусирале на долгорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста од добри односи помеѓу двете земји и изрази надеж дека ќе продолжат да работат со позитивен пристап.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров по средбата со Коѕиас и Нимиц во Виена, оцени дека средбата била продуктивна и дека има условен напредок.

– Разговаравме за сите отворени прашања и можам да кажам дека има условен напредок, бидејќи како одиме напред, доаѓаме до тешки прашања. Работевме по логиката што е најважно за двете земји и дали може да ги покриеме и две страни, но не зачудува дека колку се приближуваме кон решението, има повеќе потешкотии – рече Димитров после средбата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …