Нирнберг и ненаучените лекции

Нирнберг и ненаучените лекции

Во изјавата на Христијан Мицкоски за Нирнбершките процеси најстрашното е целосното непознавање на важните моменти од историјата.Но тој не прави само грешка, туку се обидува на тоа незнаење да му даде македонски контекст.

Во раскошното седиште на ВМРО-ДПМНЕ има доволно удобни фотелји и големи телевизори за да може врвот на партијата да одвои една вечер и да го погледа незаборавниот филм од 1961 година „Пресуда во Нирнберг“ (во овдешните простори беше преведен како „Нирнбершки процес“) на режисерот Стенли Крамер за да научи една лекција од крвавата глобална историја. Повозрасните се сеќаваат добро на него. До распадот на Југославија тој се емитуваше барем еднаш на 3-4 години на државаната телевизија како доказ дека злосторствата против човештвото не се забораваат и дека судската казна ги стигнува и оние кои мислеле дека се недопирливи. Филмот служи и како образец како се формираше мрежата на меѓународното право во поствоените години.

Во него не се прикажува судењето од главниот процес во кој беа обвинети Јодл, Дениц, Калтенбрунер, Геринг, Хес, Фон Рибентроп, Шпер, Кајтел и уште 16 други најсвисоки главешини на Третиот Рајх. Во „Пресуда во Нирнберг“ се прикажува еден од вкупно 13-те процеси по падот на нацизмот во кој на обвинителната клупа се четворица германски судии и обвинители. Тие се обвинети за злосторства против човештвото. Навистина, партискиот врв треба да ја погледне оваа феноменална судска драма и да ужива во глумата на Спенсер Трејси (главниот судија), Берт Ланкастер (обвиниетиот безмилосен судија од нацистичкото време Ернст Јанинг), потоа на Марлен Дитрих, Ричард Видмарк, Монтгомери Клифт… и да дознае дека одговарале и пониските ешалони на нацистичкиот режим.

Погрешни факти

Но времињата навистина се сменети. Сеќавањата за ужасите на Втората светска војна понекогаш се поттурнати настрана (видете што зборува претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, за Мусолини – кај него имало и позитивни работи: градел патишта и мостови). Па, сепак, едно скршување од приказната за човечкиот хуманизам и победата над демоните на уништувањето предизвикува голем гнев. Тајани (висок функционер на Европската народна партија) тоа го разбра само неколку часа по неговата скандалозна изјава, па мораше да се извинува и дообјаснува. Овдешниот висок член на Европската народна партија, Христијан Мицкоски, веројатно повеќе од незнаење за глобалните пораки за одговорот човештвото кон злосторствата (а можеби и поради професорската самоувереност) направи една ужасна грешка споменувајќи ги Нирнбершките процеси што го стави во катастрофална политичка ситуација – да зборува за сосема погрешни факти од историјата.

Еве го целиот цитат од она што го кажа Мицкоски во интервјуто на Сител околу процесот за 27 април: „Очекувам дека вкупната пресуда што ќе се случува во петок ќе биде над 100 години за сите тие луѓе таму. И ќе биде практично Нирнбершки процес за прв пат запаметен во поновата историја на Република Македонија. Се разбира, тоа е осветољубие и ништо друго. А од друга страна го имаме овој мафијашки пристап кога се следи лицето коешто треба да биде осудено, егзекутирано, се апси, се приведува, а основа на тоа е една службена белешка, која повеќе или помалку е симптоматична“.

Во оваа негова изјава најстрашното е целосното непознавање на историјата и на еден од клучните настани во повоената Европа. Но тој не прави само грешка, туку се обидува на тоа незнаење да му даде македонски контекст –  дека Нирнбершкиот процес бил „осветољубие и ништо друго“. Фуриозната реакција на Америка, сепак кажана со некакви одмерени зборови, дека „потпалувачката реторика од страна на политичките лидери предизвикува страв и поделба, особено кога неправилно се користи за настани од минатото, како што се Нирнбершките процеси, за политички цели“, е уште еден камен во мозаикот на длабокото неразбирање на Мицкоски со политиката, интересите и проекциите на Вашингтон. Политичарите прават грешки, тоа на некој начин е и дел од нивната професија, но кога некои грешки ќе го поминат нивото на дозволеното, доаѓаат последиците.

Целиот текст читајте го овде

Прочитајте повеќе

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Седумнаесет припадници на затворската полиција се уапсени во голема полициска акција, информираат од Обвинителството за …