„Нискоградба“ Битола: Сите патишта до околните населени места се проодни

„Нискоградба“ Битола: Сите патишта до околните населени места се проодни

Реакција на КЈП „Нискоградба“ Битола, на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ: 

КЈП „Нискоградба“ Битола ги информира граѓаните дека на територијата на Општина Битола се проодни сите патишта до околните населени места, вклучувајќи ги и планинските села.

Децидно ги негираме и отфрлуваме денешните обвинувања на прес конференцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека не се проодни патиштата кон селата Цапари и Долно Оризари. До овие населени места патот беше прооден уште во текот на вчерашниот ден, што го потврдуваме и со фотографии од теренот.

Единственото населено  место на територијата на Општина Битола, Древеник, до кое немаше пристап поради лошиот терен, од претпладневните часови се чисти со помош на РЕК Битола и екипите на Македонија пат, во постојана координација со Дирекцијата за заштита и спасување.

Ги замолуваме граѓаните да не потпаѓаат на провокации и лаги, а припадниците на политичките партии да не собираат ситни политички поени на сметка на временските непогоди, кога вработените во сите јавни претпријатија со натчовечки напори и 24 часа присуство на терен го овозможуваат секојдневното работење и функционирање на жителите на Општина Битола.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …