Нобеловецот Орхан Памук под истрага поради неговото пишување

Нобеловецот Орхан Памук под истрага поради неговото пишување

Нобеловецот и потпретседател на ПЕН Интернешенел, Орхан Памук е под истрага во Турција под обвинување дека „го навредил Ататурк“ и турското знаме во неговиот роман „Ноќи на чума“ (Veba Geceleri).

ПЕН Интернешенел побара турските власти да не покренуваат обвинение против добитникот на Нобеловата награда за литература.

Во април годинава адвокат од Измир поднесе жалба против светски познатиот прозаист Орхан Памук наведувајќи дека во романот издаден в Турција во март годинава поттикнал омраза и анимозитет во јавноста навредувајќи го Мустафа Кемал Ататурк – основачот на модерна Турција и дека го навредил турското знаме.

Јавното обвинителство во Измир покрена истрага и го испратило досието во Јавното обвинителство во Истанбул, кое решило да не го гони Памук. Но подносителот на жалбата се жалеше на оваа одлука и Кривичниот суд неодамна му ја прифатило, со што ќе се почне нова истрага.

„Орхан Памук е национално богатство на Турција, книжевна величина чии што зборови одѕвонуваат по целата Земја и треба да се прославува како таков, но сепак тој повторно е нападнат поради неговото пишување. Турските власти често го користеа кривичниот законот за наршување на угледот за да ги замолчат оние што сакаат да зборуваат за некои работи, а овој случај не е исклучок. Заедницата на ПЕН застанува во солидарност со Памук и ги повикува властите да не го гонат“, вели Бурхан Сенмез, претседател на ПЕН Интернешенел.

Орхан Памук, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година и потпретседател на ПЕН Интернешенел од 2019 година, во 2005 година беше обвинет за навредување на „Турцизмот“ поради неговите коментари во интервјуто во еден швајцарски весник дека „30.000 Курди и милион Ерменци се убиени во Турција и никој не се осмелува да зборува за тоа“.

Памук добиваше и смртни закани поради тоа.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …