Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Со враќањето на стрелките на часовникот еден час назад, ноќеска во 3 часот по полноќ започнува зимското сметање на времето. Со тоа, времето во 3 ќе се смета како 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Иако Европскиот парламент во 2019 изгласа укинување на сезонското поместување на времето од оваа 2021 година, Советот на ЕУ сеуште не донесол конечна одлука, што значи дека не постои сигурност дека ова ќе биде последното поместување на часовниците.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Не може да има 5.5 милиони евра за прослави, да има за владин авион а да нема пари за 600 евра минимална плата

СДСМ: Не може да има 5.5 милиони евра за прослави, да има за владин авион а да нема пари за 600 евра минимална плата

Соопштение за јавност на СДСМ Додека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, …