Нов 4-годишен мандат за претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Нов 4-годишен мандат за претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Со висока излезност од 76,5% и освоен 18.001 глас, на внатрепартиските избори Венко Филипче е реизбран за претседател на СДСМ.

Од запишаните 23.712 гласачи, вкупно гласале 18.140 членови на СДСМ. Филипче освои 18.001 глас, речиси двојно повеќе од првите внатрепартиски избори, кога доби 9.026 гласови.

„Ова не е само моја победа, ова е заедничка победа. Фактот што добив двојно повеќе гласови од минатиот пат е доказ дека нашата интензивна работа дава резултати и дека нашите членови искрено веруваат во исправноста на политиките што ги водиме“, рече Филипче.

Тој најави продолжување со искрена комуникација со секој член и поддржувач, потенцирајќи дека секоја идеја ќе биде разгледана и доколку е добра, ќе биде вградена во политиките на партијата.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче најави интензивна подготовка за локалните избори, со фокус на избор на најдобрите претставници што ќе ги бранат социјалдемократските вредности и продолжување на  борбата против погрешните политики на актуелната власт.

„СДСМ е спремна, СДСМ е силна, СДСМ е консолидирана. Се враќаме на победничките патеки. Ќе ја вратиме државата на вистинскиот пат, за доброто на Македонија и доброто на сите граѓани“, изјави Филипче.

Прочитајте повеќе

Битиќи

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 предупреди на …