Нов асфалт за дел од улиците „Петта Прилепска бригада“ и „11.Октомври“

Нов асфалт за дел од улиците „Петта Прилепска бригада“ и „11.Октомври“

Општина Прилеп ја продолжува градежната “офанзива“ за рехабилитирање и
асфалтирање на улиците во градот. Деновиве, нов асфалт добија дел од улиците
„Петта Прилепска бригада“ и „11.Октомври“.

Делот од „Петта Прилепска бригада“ кој се асфалтираше, се наоѓа непосредно до
зградата на поранешното водостопанско претпријатие „Стерна“.

„Улицата беше во доста лоша состојба, со дупки и оштетувања и затоа мораше да
се постави ново платно, така што на тој дел е извршено комплетно асфалтирање
во должина од 170 метра и вкупна површина од околу 850 метри квадратни. Со
тоа, се создадоа услови за побезбедно одвивање на сообраќајот, без ударните
дупки и оштетувања на возилата“, истакна Благоја Богоески, кој е задолжен за
надзор над градежните активности.

Богоески напомена дека истовремено се изведуваат работи и на улицата
„11.Октомври“ во должина од 160 метри, од мостот „Табана“ кон кружниот тек кај
некогашниот „Солидност“. Вкупната асфалтирана површина изнесува 960
квадратни метри, со што се добива една современа улица според сите потребни
стандарди.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …