Нов бран случаи на семејно насилство, во еден ден лишени од слобода македонски и словенечки граѓани

Нов бран случаи на семејно насилство, во еден ден лишени од слобода македонски и словенечки граѓани

Пет лица биле лишени од слобода на 1 мај по пријави за семејно насилство во повеќе градови низ земјава, информира Министерството за внатрешни работи.

Во Куманово, во два одделни случаи, полициски службеници од СВР Куманово привеле две лица. Во 21 часот бил лишен од слобода 35-годишниот М.С. од Куманово, поради сомнение дека физички ги нападнал неговата 31-годишна сопруга и двете малолетни деца.

Неколку часа подоцна, во 23:40 часот, бил приведен и 57-годишниот М.Д. од Куманово, бидејќи физички ја нападнал својата 28-годишна ќерка.

Истиот ден, во 20:40 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полицијата го лишила од слобода 48-годишниот И.К. од Љубљана, Република Словенија. Тој бил пријавен дека во стан во Охрид, по вербална расправија, физички ја нападнал својата сопруга.

Во струмичко село, во 16 часот, полициски службеници од СВР Струмица привеле 36-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон својата 65-годишна мајка

Претходно, во 8:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 23-годишен велешанец, по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 24-годишна сестра.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.