Нов договор на маса пред Вучиќ и Курти во Охрид

Нов договор на маса пред Вучиќ и Курти во Охрид

Големи очекувања и оптимизам пред новата рунда разговори меѓу Србија и Косово коишто треба да се одржат на 18 март во Охрид, во период кога Жозеп Борел претстојува во посета на Северна Македонија.

Големи очекувања и оптимизам пред новата рунда разговори меѓу Србија и Косово коишто треба да се одржат на 18 март во Охрид, во период кога високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, престојува во регионот и во Северна Македонија.

Најавите се дека средбата в сабота во Охрид ќе биде фокусирана на Анексот за имплементација на европскиот предлог за договор, а очекувањата се дека таа ќе резултира со далекусежно постигнување нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Европски предлог 

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак вели дека прифаќањето на европскиот предлог претставува позитивна порака.

„Сега е потребно да се фокусираме на анексот за имплементација на Спогодбата за нормализација на односите, што ќе биде главна тема на претстојната средба во Охрид“, во изјава која што ја пренесува дописникот на МИА од Белград.

За да се имплементира договорот, според него, треба да се одреди редоследот на следните чекори, како и роковите и кој што треба да направи.

„Откако е прифатен договорот, ние сме фокусирани на анексот за имплементацијата на Спогодбата, кој е клучен елемент, посочи Лајчак на онлајн-конференцијата Европа и Русија на Балканскиот фронт, организирана од Италијанскиот институт за Меѓународни политички студии (ИСПИ).

Лајчак при последната посета на Приштина и Белград ги слушнал мислењата на двете страни за анексот. Сигналите по тие средби се дека  во Охрид ќе се подготви „нова консолидирана верзија на анексот врз основа на оригиналниот текст“.

„Тоа треба да биде основа на нашите разговори во Охрид и ако успееме да постигнеме договор за овој анекс, тогаш работата е завршена“, вели Лајчак.

Жозеп Борел
Новата рунда разговори ќе се одржат во период кога високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, престојува во регионот и во Северна Македонија.

Големи очекувања 

И високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, очекува средбата во Охрид да резултира со далекусежно постигнување,   нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Тој вели дека средбата на високо ниво меѓу Белград-Приштина се разликува од претходните состаноци не само поради местото на одржување, туку и поради тоа што дискусијата ќе биде фокусирана на Анексот за спроведувањето на договорот за нормализација на односите што според него ќе резултира со далекусежна нормализација на односите.

„Во суштина, и едното и другото ќе резултираат со нормализирање на животите на луѓето во регионот и ќе го отворат патот за Косово и Србија кон ЕУ“, напиша Борел во својот блог.

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, смета дека е сосема можно оваа година да се постигне договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Ескобар, одговарајќи на прашање на новинар на Еуроњуз Србија, дали би се осмелил да процени кога може да се очекува конечен договор за нормализација, рече дека би сакал тоа да се случи оваа година и прецизираше: „Оваа календарска година. И мислам дека е сосема можно“.

Габриел Ескобар
Габриел Ескобар смета дека е сосема можно оваа година да се постигне договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Ескобар смета дека Заедницата на српските општини ќе се реализира – прашање е само колку брзо. Желбата е во Охрид да се признае дека Заедницата е важен дел од односите меѓу Србија и Косово.

„Кога зборувам за тоа како барање, не сакам да предизвикам конфронтација или да го поткопувам како предизвик. Факт е дека ЗСО се појавува во Бриселскиот договор. Тоа е дел од заклучоците на политичкиот совет и политиката на САД. Ќе се оствари, само прашање е колку брзо ќе се реализира. Вториот дел е каков модел ќе се примени. Специјалниот претставник на ЕУ даде неколку различни примери како функционира овој тип на заедница во ЕУ, со цел да им се дадат права на малцинствата сами да одлучуваат за својата судбина. Ова треба да помогне да се зближат земјите и ние би сакале еден од тие модели да послужи како модел и за ЗСО“, рече Ескобар.

Оптимизам 

Косовскиот премиер Албин Курти деновиве изјави дека е оптимист оти на претстојната средба во Охрид ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија. „За планот за имплементација треба да се разговара во Охрид, а можеби не само во Охрид. Јас сум оптимист, но дали средбата ќе успее или не, вие добро знаете дека не зависи само од мене. Знаете дека јас понудив да го потпишам договорот на 27 февруари“, изјави Курти за медиумите во хотелот „Емералд“ кај Приштина.

„Ако имало неуспех во дијалогот, никогаш не бил моја вина, бидејќи бев посветен, конструктивен и креативен“, тврди Курти.

Од 2 јули 2011 до 25 август 2015 година се постигнати вкупно 39 договори.

„Се договоривме за европски предлог, со француско-германска иницијатива и пет реченици се во Преамбулата и има вкупно 11 точки. Сега да разговараме за планот за имплементација. Знам дека Србија многу притискаше за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство и го знам ставот на Србија, но сакам да погледнам наназад за што се договоривме и што можевте сите да прочитате, а тоа е планот за имплементација за што треба да се преговара во Охрид, а можеби и не само во Охрид“, вели Курти.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …