Нов рекорд на инфицирани во Германија, Баварија прогласи состојба на катастрофа

Нов рекорд на инфицирани во Германија, Баварија прогласи состојба на катастрофа

Бројот на заразени со коронавирус во Германија брзо се зголемува. Во некои региони состојбата во болниците е тешка. Баварија е прва покраина која повлекува кочница.

Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Германија го надмина прагот од 50.000! Институтот „Роберт Кох“ денеска соопшти дека за 24 часа се регистрирани 50.196 новозаразени лица. Инциденцијата достигна нов рекорд – 249,1.

Бундестагот денеска треба да дебатира околу предлог законот на СПД, Зелените и ФДП, со кој би требало да биде ставен крај на вонредната корона состојба во државата на 25 ноември. Освен тоа, се предлага и 3Г-правило (вакцинирани, оздравени и лица со негативен тест) на работното место, како и повторно воведување на бесплатни корона-тестови.

Меркел бара средба со покраините

Во дебатата за ефикасна борба против пандемијата на коронавирусот се вклучи и канцеларката на заминување, Ангела Меркел. Таа бара во периодот помеѓу работата на старата и новата влада да се постигне повторно поголема единственост на мерките за сузбивање на пандемијата и инсистира на средба со покраините која би се одржала наскоро.

За одржување ваква конференција се заложи и вршителот на должност министер за здравство, Јенс Шпан. Тој за РТЛ/НТВ изјави дека е тоа сигнал за тоа колку е состојбата сериозна. Шпан смета дека на ниво на цела држава треба да има единствени правила за тоа кога важи правило 3Г, а кога 2Г(вакцинирани и оздравени).

Deutschland Coronavirus FFP2 Maskenpflicht in Bayern 

За мерките против пандемијата денеска ќе се дебатира во Бундестагот

Баварија кочи

Во меѓувреме, покраината Баварија веќе повлече кочница. Поради значително зголемениот број на новозаразени, прогласена е состојба на катастрофа.

Баварскиот премиер Маркус Зедер вели дека за огромниот пораст на корона-инфекции е виновна ниската стапка на вакцинација. Тој ги отфрла обвинувањата дека политиката реагирала предоцна. „Не се виновни државите. Дел од луѓето се однесуваат (…) неразумно“, изјави Зедер за утринската програма на АРД.

Инциденцијата во Баварија изнесува 427,4. Повисока инциденција имаат само уште Саксонија – 521,9 и Тирингија – 469,2.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …