Нов ровокопач за општина Крушево

Нов ровокопач за општина Крушево

Општина Крушево добива нов ровокопач кој ќе го користи заедно со Општина Демир Хисар и Општина Кривогаштани. Ровокопачот е набавен преку проектот „Подобрување на општинските услуги“, финансиран од Европска Унија и Светска Банка.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски рече дека преку овој проект ќе се подобруваат услугите на над 300.000 луѓе на територија на цела држава.

„Денеска, Општина Крушево заедно со Општините Демир Хисар и Кривогаштани, преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува ЕУ, Светска Банка со Министерството за финансии, за потребите на Општината и на ЈКП доби повеќенаменска машина – ровокопач. Донирани се машини во повеќе општини во вредност од 45,7 милиони денари, кои се обезбедени како грант средства од ЕУ. Со ова се обезбедуваат подобри општински услуги за околу 300.000 граѓани кои живеат во руралните општини“, изјави градоначалникот Христоски.

Општина Крушево претходно се снабди со ровокопач преку амбасадата на Јапонија, кој е наменет за целиот Пелагониски регион, а истиот ќе биде употребуван во руралните среднини во општината.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …