Нов вандалски чин во Прилеп – во градската река фрлени контејнери и скеле за сушење тутун

Нов вандалски чин во Прилеп – во градската река фрлени контејнери и скеле за сушење тутун

После вчерашниот чин на вандализам, кога два контејнера беа фрлени во градската река, синоќа во доцните часови му се надоврзаа уште два.

На истото место, во Дабнички канал, ноќеска повторно беа фрлени три контејнери за селекција на отпад, а истата „судбина“ го снајде и едно скеле за сушење тутун, кое заврши во градската река.

Случаите на уништување контејнери и урбана опрема се редовна „пракса“ пред речиси секој изборен циклус, со цел нарушување на угледот на ЈКП „Комуналец“ и локалната самоуправа. За последниот вандалски чин, известени се Инспекторатот и МВР.

зачестуваат Заради континуирано вршење на штети на комуналната опрема и други ствари поставени на јавни површини за кои ,,Комуналец,, троши време и пари, а влијае и на угледот на комуналното претпријатие, случајот е пријавен до Инспекторатот и Полициските служби.

Прочитајте повеќе

„Нема откажување од иднината“ - СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска …