цигара пушење

Нов Зеланд планира да создаде генерација на непушачи до 2027

Нов Зеланд во една од најригорозните мерки за борба против тутунската индустрија во светот планира да им забрани на младите луѓе да купуваат цигари во текот на нивниот живот, тврдејќи дека другите напори против пушењето траат премногу долго, пренесе Ројтерс.

Според законот кој се очекува да биде донесен до крајот на 2022 година, сите родени по 2008 година нема да можат да купуваат цигари или тутунски производи во текот на својот живот. Законските ограничувања ќе бидат воведени во фази од 2024 година, почнувајќи со нагло намалување на бројот на овластени продавачи, проследено со намалени барања за никотин во 2025 година и создавање на генерација „без чад“ од 2027 година.

„Сакаме да се погрижиме младите никогаш да не почнат да пушат, така што ќе направиме да има прекршок ако продаваме или да доставуваме производи од тутун на нови групи млади“, рече Аиша Верал, помошник министер за здравство на Нов Зеланд.

„Ако ништо не се промени, ќе поминат децении додека стапката на пушачи не падне под 5 отсто, а оваа влада не е подготвена да ги остави луѓето зад себе“.

Во моментов, 11,6 отсто од сите Новозеланѓани на возраст над 15 години пушат, процент што се зголемува на 29 отсто кај возрасните домородните Маори, според владините бројки.

Пакетот мерки ќе ја направи малопродажната тутунска индустрија во Нов Зеланд една од најограничените во светот, веднаш зад Бутан, каде продажбата на цигари е целосно забранета.

Владата на Нов Зеланд рече дека додека постоечките мерки како обичната (необележана) амбалажа и давачките за продажба ја забавиле потрошувачката на тутун, но неопходни се построги чекори за да се постигне целта помалку од 5 отсто од населението да пуши до 2025 година.

Според владините очекувања, новите правила од кога ќе стапат на сила ќе ги преполоват стапките на пушење во земјата за само 10 години.

Пушењето убива околу 5.000 луѓе годишно во Нов Зеланд, што го прави една од главните причини за смрт што може да се спречи. Четири од пет пушачи почнале да пушат пред да наполнат 18 години.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …