Новa аудио снимка: Мицкоски се борел да не помине законот за СЈО за да пропадне предметот „Империја“

Новa аудио снимка: Мицкоски се борел да не помине законот за СЈО за да пропадне предметот „Империја“

Нов аудио разговор повторно осамна на Јутјуб, каде се слуша разговор помеѓу Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, пренесе А1 он.

Во снимката се слуша како Мицкоски му се жали на Кичеец и вели дека тој е единствен што се бори, а истовремено, го тепаат и се вљубуваат во Заев бидејќи, според него, тој е добриот.

Мицкоски се жали од Мијалков и му потврдува на Кичеец дека се бори за да не помине законот со кој се регулира статусот на СЈО, а со тоа да прекине и предметот „Империја“ каде што се обвинети  и Сашо Мијалков и Орце Камчев.

„Не бе ова, повеќе зборувам за Сашовци… Сега он пишуваше писма, по фејсбуци, ме плукаше… правеше театар за јавноста претходни две недели, испрдоци од типот на Геровски и слични… сега јас се борам да ваквото СЈО не помине, автоматски и неговиот најголем предмет, тој „Империја“, вели Христијан Мицкоски.

Извор: frontline

Прочитајте повеќе

Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција по завршувањето на лидерската средба рече дека …