Опаѓа рејтингот на СИРИЗА на Алексис Ципрас на најновите анкети. Според сондажата на компанијата „Интервју“, опозициската Нова Демократија води со 30,9 отсто освоени гласови, додека партијата на Ципрас доби 21,3 отсто.

Анкетата е правена со прашањето „За која партија би гласале ако следната недела се одржат општи парламентарни избори?“.

Зад двете први партии се Златна зора со 7,2 отсто, Комунистичката партија на Грција со 6,6 отсто и Движењето за промени (во кое е и ПАСОК) со скромни 6,4 отсто.

Бројките не се добри ниту за владиниот партнер на Ципрас, Панос Каменос, бидејќи според анкетата, Независни Грци, со само 1,7 отсто, во случај овој рејтинг да се потврди на избори, би останале надвор од Парламентот.

Опозицискиот весник „Елефтерос типос“ смета дека резултатите од анкетата се „шлаканица в лице за Ципрас“.