Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче – под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје

Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче – под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје

Прес-конференција на Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ

Во Гостивар повеќе од месец дена граѓаните немаат безбедна вода за пиење.

Над 50 населени места се со загадена вода.

А овде, на север, во околината на изворот за вода Рашче, тлее нова еколошка катастрофа.

Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски.

Околината на изворот од кој со вода се снабдуваат Скопје и 25% од граѓаните во Македонија е затрупана во депонија.

Стравична е оваа слика што ја објави наш познат новинар.

Страшно е тоа што го гледаме тука на терен.

За оваа катастрофа, не му треба на ВМРО и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дрон – еве каква е состојбата…катастрофа!

Тотален хаос.

И тоа на подрачје каде што е изворот за вода за пиење и каде што се произведуваат земјоделски производи, кои стигнуваат на пазарите.

Ова е директна закана за водата за пиење и за здравјето на граѓаните.

Кој го дозволува овој еколошки геноцид?

Кој дозволил ваква дива депонија да се создава во близина на изворот од кој се снабдува една четвртина од граѓаните во државата?

Кој ќе одговара за овој ризик од загрозување на здравјето и животите на граѓаните?

Цела држава ја отруја од неодговорност – 50 населени места во државава се со загадена вода а никој не понесува одговорност.

Не смее да се чека да се случи нова уште поголема катастрофа.

Кој го штити изворот Рашче?

Кој ќе гарантира дека водата е безбедна?

И кој ќе понесе одговорност?

Граѓаните имаат право на чиста и безбедна вода.

Не може цела Македонија да биде заложник на неспособноста и неодговорноста на ВМРО.

Водата не е партиска тема. Водата е живот.

Прочитајте повеќе

Мицкоски Кочоска јавниот долг

СДСМ: Кочовска и Мицкоски незаконски го фингираат јавниот долг

Откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно објави документ за ново планирано задолжување од 1,3 милијарди …