Од 2016 година биле вработувани пожарникари за кои било дозволено да не се стекнат со сертификат за пожарникар
Поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари доби кривична пријава заради несовесно работење во службата. Како што информира Министерството за внатрешни работи, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, кој, како градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
„Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари“, стои во соопштението од МВР.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место